речник контакт

,,Свадбата,, среда вечер премиерно во велешки театар

Режијата е на Софија Ристевска Петрушева која кажа дека во претставата се раскажани три приказни за свадбата, бракот и живот и има комичен нагласок

Петар Печков

Утревечер  на малата сцена на велешкиот театар, премиерно ќе биде прикажана  претставата „Свадбата“  по текстови од Алан Бол, Антон Страшимиров и Катерина Момева. Режијата е на Софија Ристевска Петрушева која кажа дека во  претставата се раскажани три приказни и има комичен нагласок. 

На фонот од свадбата отвораме ринг,  каде се борат интимните приказни на ликовите. Во вториот дел се прикажани односите на синот, снаата и свекрвата, каде на гротескен начин ги разработуваме  семејните врски. Во третиот дел  актерите раскажуваат лични приказни на темата свадба, брак и живот. Сите сме луѓе со свои проблеми, свои личности - кажа режисерката  Ристевска Петрушева. 

Ова е нејзина трета претстава работена во велешки театар,претходно ги режираше ,,Жени,, и ,,Старицата од Калкута,,. Во ,,Свадбата,, играат:  Јордан Витанов, Слободанка Чичевска, Весна Димитрова Бобевски и Славица Манаскова. Преводот е на  Катерина Маркоска, сценографијата на Филип Коруновски, костимографија - Катерина Чукниева, кореографија - Кире Миладиноски, музички соработник- Сашко Костов и видео и фото материјал -Крсте Шупев.

Во претставата играм два лика. Тоа се две дијаметрално спротивни улоги. Во првата сум пристојна девојка која живее по Библијата во втората сум  посесивна свекрва, Оваа втората е многу слоевите, која многу нуди и бара и  предизвик за секој актер - рече Весна Димитровска Бобевски. 

Работата со режисерката Софија бара и голема умствена кондиција.  Сметав дека на овие мои години, не ќе можам да се одзвам на предизвиците кои таа ги побара, со танцување, со пеење во живо. Но покажа дека сеуште не сме за фрлање ние што сме при крај на работен век - изјави Слободанка Чичевска.

По две години пауза од театарска сцена, поради лични причини се враќам со улога во интересна претстава. Ја повикувам публиката да дојде да се забавува, како што ние се забавуваме додека ја играме -  рече Славица Манаскова.  

Ова е втора премиера на велешки театар годинава и двете подготвени од сопствени средства. Директорот Александар Ивановски најави дека ,,Свадбата,, е дело на креативната сила на театарот, која сака да прави модерни и свежи претстави.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »