речник контакт

,,Со ноќ спроти Водици,, започнува ,,Велес град на културата,, за 2015

Недела, почеток 19ч. нов театар, влез слободен

Петар Печков

Недела вечер во 19 ч. со проекцијата на филмови на браќата Манаки во новата зградата на велешкиот театар, започнува годинашната манифестација Град на културата, која Велес ја доби по втор пат.

Ќе биде прикажан дел од нивниот црно бел опус, кој е дигитално реставриран од Кинотеката на Македонија. Бидејќи филмовите се неми, без звук, музичката придружба ќе биде на таткото и син Благој и Бојан Маротови.

На отворањето е најавен и настап на црковниот младински хор ,,Св. Кирил и Методиј,, ., потоа на кларинетистот Благој Ламњов кој настапува на светските сцени и велешките пејачи Орхидеја Дуковска и Мики Секуловски.

Ова се првите содржини од најавените 200 кои ќе бидат претставени во Велес, во рамките на манифестацијата ,,Град на културата,, .

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »