речник контакт

,,Хемискиот,, воз на МЖ превентивно прскаше против вегетацијата покрај пругите

Хемискиот воз по пругите низ земјава, заради безбедносни причини, заштита од пожари летово

Петар Печков

Хемискиот воз на  Македонски железници  превентивно ги мине пругите низ  земјава, заради безбедносни причини.   Тој денес замина  од Велес до Кочани, при што со специјални хемиски  средства беше  прскано во околината на пругата, по целата нејзина должина.

Целта е да се испрска  ниско стеблестата  вегетација што е околу  шините, за да може  летово железничкиот сообраќај, патнички и товарен  да се  одвива непречено и без опасност од пожари. Има случаи кога поради искрење од шините, фрлање  отпушоци  од патници,  да  се запали тревата и да избувне пожар.  Затоа сега со специјални хемиски средства  се влијае врз вегетацијата околу пругата, по целата должина  – велат од ЈП МЖ.  

Додаваат дека  со ваквата превентивна активност, лани во текот на летото имало само еден случај на пожар покрај пругите во Македонија.  

Изминатите денови оваа обврска беше извршена на пругата Скопје –Велес, Велес- Гевгелија, Скопје – Кичево и Скопје- Табановци. Останува следната седмица уште да се изведе на трасата од Велес до Битола.  

Потоа овој ,,хемиски,, воз ќе биде стациониран на Железничка станица Велес и ќе се користи како противпожарен. Ќе дежура цело лето со оспособен кадар за да интервенира во случаи кога ќе се јави оган покрај пругите на Македонски железници.  

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »