речник контакт

,,Градиме иднина,, гради куќа за семејството Давчевски

Невладината организација ,,Градиме иднина,, реши да им помогне на велешаните чија куќа изгоре во пожар на 3-ти ноември 2014-та година

Петар Печков

Семејството Давчевски од  Велес, ќе добие  кров над   главата до крајот на месецов. Невладината организација ,,Градиме иднина,, реши да  им  помогне  на  велешаните чија куќа  изгоре во  пожар  на 3-ти ноември 2014-та година.  

 Година и половина  младиот  брачен  пар,  со четири  деца се обидува  да ја изгради куќата, но тешко оди.  Но  кога  надежите дека најтешкиот  проблем ќе  можат да го решат биле скоро згаснати, помошта дојде  од невладината ,,Градиме  иднина,,.    

Се  надевам дека за Велигден, за  големиот празник, семејството Давчевски  ќе  се всели во  куќата.    Во акцијата  за прибирање средства беа  вклучени спортисти, градежни фирми, јавни  личности,  стопанственици,  граѓани, ученици од училиштата.  Се е обезбедено, два месеци бевме посветени да  обезбедиме средства и материјали за помош  при изградбата  на  куќата  - изјави Илија  Јовановиќ   претседател на  здружението.  

Тие првата куќа  која  ја изградија како помош на  фамилии на  кои  им е неопходна,  беше во  тетовското    село  Сиричино,  наменета  за   петчленото  семејство  Ристовски.   Невладината ,,Градиме иднина,, е непрофитна  организација, а домот на Давчевски моментално го градот  мајсторите  од Кратово и  плочкарите од Тетово.  

Тие работат во  оваа  фаза  бесплатно, додека тие кои работеле на  поставување  на темели,  подигање  на  градбата,  поставување на  плоча и кров биле платени, ,,за да биде безбедно семејството во   натамошниот  живот,,  објаснуваат  од  здружението.  

Ни дадоа надеж, ни дадоа утеха во најтешкото, дека ќе  се  доизгради куќата. Претходно преку донации обезбедивме дел од покуќнината, во внатрешноста. Добивме одредена помош но за куќата неможевме  да обезбедиме пари, така што останува со децата да чекаме да се вселиме  - рече Ленче Давечевска.  

 Од ,,  Градиме Иднина,,  сакаат четирите малолетни дечиња Стефан, Сара,  Иваона,  Тина   да имаат  безгиржно детство и планираат да помогнат во  обновата на  50 куќи во Македонија, и тоа  на  социјални случаи, за кои објаснуваат дека   биле заборавени од  општеството.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »