речник контакт

,,Есенските плодови на нашата трпеза,, за социјално ранливите категории семејства

Велешките пензионерки во хуманитарна мисија за помош на Светскиот ден на гладот

Петар Печков

Недела за грижа и нега на старите лица, Светскиот ден на храната, Недела за борба против гладот беа повод, вредните раце на велешките жени пензионерки, да подготват храна, домашни, локални специјалитетите, кои ќе се поделат на ранливите категории. Во просториите на Здружението на пензионери од Велес, се одржа хуманитарна забава, ,,Есенските плодови на нашата трпеза,,  каде беше презентирана храна  а дел од неа и дегустирана.

Нашите активистки подготвија деликатеси,  резултат на есента, која сепак е најбогатото годишно време а со нејзините плодови се подготвуваат познатите специјалитети. Се пече и пржи ајварот, се варат слатката, џемовите и компотите. Некој од нашите сограѓани, не се во можност тоа да го подготват, па затоа овие тегли ќе завршат во домовите на семејства, кои не се во можност тоа да го сработат - кажа Благојка Настова, претседател на Активот на жени пензионерки.

Таа се заблагодари на членките, кои несебично ја подготвија храната за оваа манифестација.  Пензионерките со мисла,  не дека ќе им ги решат проблемите на социјално ранливите семејства, туку да покажат дека некој мисли на нив, не се заборавени.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »