речник контакт

,,Рациновите средби,, ги одбележаа трите јубилеи за Рацин (фото)

110 години од раѓањето, 75 години од смртта и 55 години на манифестација Рацинови средби

Петар Печков

Рациновото признание за 2018  го доби Игор Станојоски за романот „Диссомнии“ во издание на „Антолог“, а му беше врачено на петочното затворање на оваа културна манифестација.  

Романот обработува исклучително актуелни општествени случувања како што се обоените револуции, психолошката војна, влијанието на новите облици на пропагандата врз психологијата на поединецот во 21 век, но допира и до сосема други теми и чувствителни точки какви што се последиците од загубата на блиските луѓе, човечноста, неверството, привиденијата, народната демонологија, кревкоста на човечкиот ум и неговата зависност од сонот. Идеите беа црпени од некои настани што се случија на преломот од 2013 и 2014 година во врска со воената револуција во Украина од што потекна првата и главна идеја за овој роман - рече добитникот на Рациновото признание за романот ,,Диссомнии,, Станојоски

Добитнички на Почесното Рациново признание годинешнава Хрватките Дијана Влатковиќ и Борјана Прошев Оливер за Хрватско - македонскиот речник во издание на „Матица Хрватска“. На свеченоста присуствуваше амбасадорката на Хрватска Данијела Баришиќ.

Наградата „Антологија на болката“, за најдобра картичка инспирирана од оние кои Рацин и ги испраќал на неговата муза Раца, годинава ја доби Емилија Каранфиловска за пораката  „Изградив дом во твојот поглед“. 

На првата вечер од годинешните 55 Рацинови средби по подолга пауза  се одржа и меѓународниот Поетски митинг на кој учествуваа дваесетина  поети од Македонија, Хрватска, Србија и Албанија. Меѓу нив беше и словенечкиот амбасадор во Македонија Милан Јазбец.

Во Спомен-куќата на Коста Солев Рацин, во рамкиите на манифестацаитја Рацинови средби беше промовирана книгата „Влогот на Конески во Рацин“ од проф. д-р Вера Стојческа Антиќ.  Книгата  издание на издвачака куќа ,,Македонска реч,,  ја промовираше проф. д-р Васил Тоциновски. 

Единствена мера кај човекот во неговиот живот  е работата. Низ седумте текстови што  ги нуди авторката со пропратниот избор на текстови на Кочо Рацин, создава една хомогена целина за да ни открие дека постојат личности за кои треба да чекаме и се раѓаат еднаш во едно столетие. Таква личност е Кочо Рацин. Блаже Конески вложувајќи дел од себе си во личноста и делото на Кочо Рацин исто така ја има димензијата на мудроста - изјави  Тоциновски. Книгата е отпечатена со финансиска поддршка од Буџетот на Општина Велес.  

Проучувајќи го Блаже, јас сватив дека има неверојатна почит кон Коста Солев. Тој му посветил 23 труда на Рацин од 1945 година, и се до неговата смрт, Рацин му беше почесна фигура- рече проф. д-р Антиќ која го цитираше Блаже Конески во контекст на посетите на родниот дом на Рацин.

Македонски пошти по повод  75 години од смртта на  како што тие го нарекоа македонскиот Диоген, Коста Солев Рацин издадоа поштенска марка  во тираж од 6000 примероци, а нејзината номинална вредност е 18 ден. Таа е дело на авторот Лариса Живковска Донев,

Поштенските марки,  како и пишаниот збор претставуваат моќно средство за пренесување на пораки, на кои е претставена богатата творечка природа, која извира од корените на животот, вдахновена од богатата традиција на нашите предци. Поштенската марка претставува нераскинлив дел од историјата и културата на секој народ. И, со право, ова мало парче хартија  во себе ги содржи сите компоненти на совршена уметност - кажа Данчо Стојановски, директор на Центарот за информатичка технологија при ЈП Македонски пошти.

Во фоајето на велешки театар, беше отворена изложба на портрети на Рацин, дело на академскиот сликар Ангел Петров. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »