речник контакт

,,Тоалет за дами,, избрана во програмата на Театарскиот Фестивал на драма Војдан Чернодрински

Претстaвата влезе во официјалната програма за награди на МТФ кој по 53-ти пат ќе се одржи во Прилеп, годинава од 8-ми до 15-ти јуни

Петар Печков

Меѓу 12-те претстави во официјалната програма на Театарскиот фестивал ,,Војдан Чернодрински,, е и ,,Тоалет за дами,, на велешкиот театар Јордан Хаџи Констатнинов Џинот. Откако селекторот Катерина Коцевска изгледала 30-тина претстави, се одлучила за 12-те кои ќе се натпреваруваат на националниот фестивал на професионални театри. 

МТФ  по 53-ти пат ќе се одржи во Прилеп, годинава   од 8-ми до 15-ти јуни, велешани ќе настапат на 13 јуни.   „Тоалет за дами“ е работена по текст на  венецуелскиот  драмски писател Родолфо Сантана и е во режија на  Деан Дамјановски. 

Текстот е за 12 лика, а дејствието се одвива во женски тоалет на дискотека, петок навечер. Во претставата играат Зорица Панчиќ., Кица Ивковска, Васил Зафирчев,Ирена Илиевска, Кети Борисовска, Маја Љутков, Талија Настова, Марија Стефановска, Весна Димитровска Бобевски, Драгана Босниќ, Слободанка Чичевска и Александар Велјановски.  Драматург е Сашо Димоски,  сценографијата е на Филип Коруновски, костимограф е Катерина Чукниева  а музички соработник Сашко Костов.

„Тоалет за дами“ е хит претстава на велешки театар  и се игра пред полно гледалиште и  се бара билет повеќе. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »