речник контакт

Акциска контрола, петмина велешани возеле побрзо од пропишаното

Две сообраќајки со две повредени лица, фатен возач кај Стоби кој превезувал мигранти

Петар Печков

Сообраќајниот билтен за изминатиот викенд за велешко донесува четири настани за кои информираа и СВР Велес и МВР.

Во петокот напладне, сообраќајната полиција  во периодот  од 11 до 17  часот на територијата на СВР Велес извршила  акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Во Велес   петмина возачи возеле побрзо,   21 во Кавадарци и 18 во Неготино. Или вкупно 44 лица на кои им се изречени казни.

Истиот ден, на 12 април, околу 13.30 часот на крстосница од улиците „Алексо Демниевски“, „Наум Наумовски“ и „Вардарска“ се случила сообраќајна незгода во која возило „Рено-Меган“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(33) од Велес, удрило во 15-годишна девојка од Велес, на која и е укажана помош во болницата во Велес. Извршен бил увид на местото на настанот по што ќе се знаат причинтеи са сообраќајката.

Саботата на 13 април  околу 20,15 часот на магистралниот пат А-3 Велес- Штип, кај село Кадрифаково, се случила сообраќајна незгода.  Лицето З.М. (56) од Штип , управувајќи товарно моторно возило ,,Ивеко“ со штипски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.А. (21) од село Ерџелија-Свети Николе. Л.А. бил пренесен во Медицински центар Штип каде му се констатирани тешки телесни повреди, по што е пренесен во Ургентен центар Скопје.

Во саботата на 13 април  околу 22  часот на автопатот А1 Неготино- Градско  -кај археолошкиот локалитет Стоби од страна на униформирани полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор ,,Михајлово“ и полициски службеници од Одделот за организиран криминал било запрено патничко мoторно возило „Волво“ со скопски регистарски ознаки. Возачот С.А. (22) од село Петралица, се обидел да избега, но е лишен од слобода. Во возилото биле пронајдени 11 лица- мигранти од кои едно лице од Ирак, едно лице од Пакистан, шест лица од Авганистан и три лица од Сирија. Известен бил јавен обвинител.

АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »