речник контакт

Албанка и Грк добија 7,5 години затвор за дистрибуција на дрога

Во ист ден во Основниот суд во Велес, експресно заврши судењето и им беа изречени заворски казни. Тие беа осудени за пренос на 2 кг хероин и 18 кг марихуана

Петар Печков

Ликидис Константинос (25 год) од Атина Грција доби 5 години затвор за  кривичното дело дистрибуција на опојни дроги.  При контрола на сообраќајната полиција на 18 ноември минатата година, на автопатот Скопје- Гевгелија кај селото Смоквица,  во неговиот автомобил, во патна торба, во багажникот  биле пронајдени 18   пакувања на   марихуана.

Полицијата го сопрела откако почнала потера по него, оти тој не застанал на знакот стоп.  Тој се бранеше дека ова е сплет на несреќни околности, оти торбата не била негова туку добиена од пријател Албанец, кој  го замолил да им ја   предаде на неговото семејство.   Констатнинос често доаѓал во Македонија во казиното Фламинго.

Доаѓав не толку да играм, колку што јадев, оти на играчите се дели бесплатна храна. Се каам за стореното и жалам. Им се извинувам на фамилијата. Се случи без да знам и сакам – рече Константинос.

Неговиот бранител Валерија Николова   изјави  дека никаде нема траги од отпечатоци на обвинетиот ниту на торбата, ниту на пакувањата марихуана, што укажувало дека таа навистина е подметната. Таа  и побара пониска каза за сторителот, оти тој бил Грк.  Автомобилот мерцедес со која управувал Констатнинос му е одземен а тој останува во притвор до правосилноста.

Во друг одвоен процес, исто така во Основниот суд во Велес на Албанката  Албена Кока  доби 2,5 години затвор исто така за кривично дело дистрибуција на опојни дроги. Таа на 6-ти јануари годинава била фатена   како на нејзиното тело се залепени 7 пакетчиња со дрога хероин, во количина од 2 кг. Таа за 300 евра требало да ја пренесе дрогата од Истанбул за Струга, патувајќи со редовна автобуска линија. Била фатена на граничниот премин Богородица од страна на македонските цариници.   Таа го призна делото.

Се чувствувам виновна. Ова што го сторив е лошо а ме примора лошата финансиска состојба. Имам да чувам двајца стари родители, како и малолетна ќерка а немаме пари – рече Кока низ солзи во своја одбрана. И таа останува во притвор до правосилноста на пресудата.  

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »