речник контакт

Апелација потврди 6 и пол години затвор за 10,5 грама хероин

Таратаков тврди дрогата била за лична употреба. Тој претходно бил девет пати осудуван по што му е изречена оваа казна

Петар Печков

Апелациониот суд од Скопје ја потврди пресудата на Онобен суд Велес   за велешанецот Марјанчо Таратаков   кој доби 6,6 години затвор за кривичното дело ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Тој беше прогласен за виновен и осуден на оваа казна во Основниот суд во Велес. Според обвинението  на  7-ми мај 2015 година, кај него поседувал  неовластено заради продажба,  дрога хероин во вкупна тежина од 10,03 грама, спакувана во 29  полиетиленски пакувања.  Тие биле пројадени,  откако  претходно ги набавил од НН лице од Скопје,  што е констатирано при претрес на  Таратаков од страна на службени лица на СВР Велес во близина на објектот Медалхо лоциран на патот Велес- Езеро Младост.

Тој пред судот изјавил  дека бил уживател на опојни дроги во текот на 2001 година и потоа не користел дрога, дека во текот на месец  февруари лани,  неговиот татко добил мозочен удар и целосното издржување на семејството паднало на негов товар. Хероинот го набавил  од непознато лице во Скопје - 30 топчиња наркотична дрога хероин, кои биле за негова лична употреба.

Судот казната затвор од 6,6 години затвор ја изрече според  Правилникот за начинот на одмерување на казните,  како и фактот да обвинетиот е девет пати осудуван, од кои 8 пати осудите се казна затвор. Казната е правосилна.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »