речник контакт

Атлетичарот Михов, спортист на Велес за 2013 (фото)

Тој за 24 часа истрча 220 км. Екипа на годината е кајак клубот Вардар

Петар Печков

Атлетичарот Трајче Михов, член на АК Велес е спортист на Велс за 2013-та година. Тој  на ултра маратонот во Белград истрча за 24 часа 220 км и го собори македонскиот рекорд. 

Екипа на годината е кајак клубот Вардар која е државен првак во овој спорт  во Македонија. Ова е изборот на   Сојузот на спортовите а манифестацијата се одржа по 54-ти пат, во петокот вечер на Бродот Панини..
 
Во сениорска конкуренција на второто место беше Кристијан Николов велосипедист од МВК Велес државен првак во друмски трки  а трета е Марија Хаџи Ристова алпинистка кој  годинава го освои Монт Блан. 

Натаму на листата се кајакарот Игор Стефановски,  мотористот Драган Ванов,  кајакарот Борче Мирчевски,  борачот Јорданчо Рошев,  лоу кик првакот Ѓоре Стојанов, фудбалерот Милан Тодоровски и планинарот Тодорче Георгиев.

Во екипна конкуренција второто место  припадна на стрелечкиот клуб  Велес а трети беа велосипедистите од МВК Велес.

Во младинска конкуренција клуб на годината е велосипедскиот клуб МВК Велес, пред Тенискиот клуб Борец и  карате клубот Гладијатор. Во оваа, младинска конкуренција признанија добија 12 млади спортисти без нивно рангирање: Димитар Велков ККК Гемиџии 903, Сара Спиридоновска кошаркарка Уни Баскет, Јован Васиќ карате клуб Гладијатор, Ангелче Јорданов борач Борец, Христијан Јовановски риболовец СРД Кркушка,  Елена Несторовска одбојкарка Борец, Христијан Јордановски ФК Борец, Маја Војдиновска карате клуб Гладијатор,  Дејан Стојевски кошаркар Борец баскет, Мартин Лазаровски кајакар Вила Зора, Ангелче Органџиев РК Борец,, Кристијан Ванчевски велосипедист МВК Велес и Филип Раковски тенисер ТК Борец. 

 Тренер на годината е Димче Стефановски од ККК Вардар.  Педагог наставник тренер е проф. Петре Жабев од ОУ Блаже Конески. Признание за спортски работник доби Ѓорги Минов за неговиот придонес во малиот фудбал, кој целиот негов живот го посвети на овој спорт. 

  За животно дело признанија добија Љубе Шалтев е човекот кој се вгради во велосипедизмот,  признание доби и Александар Митрев кој 28 години беше дел од фудбалот во Велес во неговиот организационен дел, како и Љубомир Манев  за неговиот придонес во пинг понг.  

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »