речник контакт

Атлетичарот Михов во Загреб истрча 130 км за 12 часа

Ракометарите остануваат во трка за второто место и со надеж за бараж. Порази на фудбалските екипи, жените запрени во полуфиналето од Купот. Ракометарките на Борец по подолго време се радуваа

Петар Печков

Атлетичарот  Трајче Михов продолжува со добрите резултати.  Тој на  ултра маратонот  Форест гамп одржан во Загреб  трчаше   130км  за 12 часа.

 Футсал  Екипата на Велес на гостувањето во Скопје кај лидерот  Железарец и новиот првак  загуби со 5:2, полувреме 3:0. По ова 26-то коло Велес и натаму е петти со 30 бода а во последното  коло дома ја пречекува екипата на  Скопје која е трето пласирана. Велешани го обезбедија опстанокот во ова најквалитетно  друштво. 
 
Фудбал Втора лига. Борец загуби дома од екипата на Тетекс со уверливо 5:0.  Борец веќе е последен со најлоша гол разлика, додека гостите се втори.

 Во куп натпревар од полуфиналето женската екипа на Борец на домашен терен играше со Кочани и загуби во високи 8:0, со што гостинките се пласираа во финалето.

Ракомет победи и за машката и женската екипа на Борец. Машката го совлада тимот ан прилеп со 30:28 со што велешани остануваат во трката за второ место кое води во разигрување за Супер лигата. За тоа ќе имаат тешка задача да победат на двата следни натпревари кои ги играат во Скопје, против Ринија и против директниот конкурент Работнички. За потсетување со скопјани во последното есенско коло Борец во Велес  одигра нерешено и затоа му е потребна победа во Скопје, под услов да победат и со Ринија исто така во Скопје. 
 
Женската екипа на  Борец победи на домашен терен против Универс од Гостивар со 21:20.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »