речник контакт

Богдановски доплива до Олимписка норма, на тренинг со Фелпс

Богдановски втора велешанка на Олимпијада, по атлетичарот Евфемов?

Петар Печков

Македонската пливачка Анастасија Богдановски на пливачкиот митинг  одржан во Шарлот викендов,  исплива норма за Олимпијадата во Рио- Бразил , следната година. Таа на патеката од 200 м слободно постигна време од 2.02.24  додека олимписката норма беше 2.03.13. Овој митинг е дел од квалификационите трки  за Олимпијадата, признаени  и влезени во календарот на ФИНА, светската пливачка федерација. 

 Ова  е мое второ посигнато време на оваа патека, но значајно е што го испливав на трка која е влезена во  календарот за квалификации за учество во Рио.  Тренирам за да имам норма и за  патеките од  100 и  50м. слободно. Мислам дека ќе успеам оти сум близу до потребните времиња - изјави Богдановски.  

Таа тренира под водство на тренерот Боб Бовман, заедно со Мајкл Фелпс и Алисон Шмид  Овие две пливачки светски имиња имаат заедно освоено 28 медали на Олимпијадите.  Богдановска има испливано норма и за учество на СП во пливање кое во август ќе се одржи во Рускиот град Казан.   Таа  има пливано  за Македонија на СП за кратки базени во Истанбул 2012=та и на Медитеранските игри во Мерсин Турција 2013 година.

 Годинава пливачката Богдановски дипломира за јавно здравје  на  престижниот Џонс Хопкинс Универзитетот  кој има дадено 27 нобеловци  а студиите ќе ги продолжи следната година, откако оваа и ги посветува на подготовките за настап на Олимпијадата во  Рио и на СП во Казан.  Пливачката Богдановски живее, студира и тренира во САД а по мајка и Нада јаричквоа е велешанка. 

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »