речник контакт

Борец и Превалец со нови победи во Трета лига Југ

Во градското дерби во футсал купот Велес подобар од Гемиџии

Петар Печков

Се одигра второто пролетно коло од Трета лига Југ. Велешките екипи со исти резултати како во првото, победи  во гости за Борец 1919 и Превалец пораз  дома за Гемиџии.   Борец гостуваше во прилепско Крушеане, каде со 2:0 го совлада Напредок. Ова беше дерби, оти домаќините атакуваат на првите три места кои водат во Втора лига. Но со оваа победа Борец ги откажа од нивните надежи.    

Затоа со победата во Крушево против Питу Гули, минимална од 1:0,  Превалец скокна на табелата и се вклучи во борбата за пртите три места.  Така тие сега се 4-ти со 29 бода, пред нив е Победа Валандово која има натпревар помалку и три бода предност.  Борец остана на второто место со   35 бода, три повеќе од Победа и седум помалку од лидерот Кожуф од Гевгелија.  Гемиџии дома загубија од Дојранско езеро со 2:1 со што гостите  го избегнуваат долниот дел од табелата.  

По ова коло Гемиџии останаа на 23 бода и се шести. Во следното коло  Борец 1919  е слободен, Превалец дома игра со Партизан од прилепско Обршани кој  е 7-ми со 23 бода,  а Гемиџии гостуваа на 10-то пласираниот   Младост во Удово кој има  14 бода. 

Во салaта Гемиџии се одигра и првото коло од футсал купот каде ждрепката сакаше да играат двете велешки екипи Велс и гемиџии –член на Втората лига.  Со 9:3 славеше прволигашот Велес, со што се пласираше во четврт-финалето. 

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »