речник контакт

Бројни гостување во велешки театар во април

Танц Фест, ЕСРА, театарот од Врање, Танец, пред велешката публика

Петар Печков

Во наредниот месец  април во велешки театар има повеќе гостувња, кои заедно со тековниот репертоар на публиката ќе  и понудат избор на претстави кои ќе може д а ги види. Веќе на 2-ри април гостуваат студентите од Фаултетот ЕСРА, од класата  на професор Мето Јовановски со   нивна испитна претстава. 

На 4-ти е гостувањето на театарот ,,Бора Станковиќ,, од Врање -Србија со  претставата ,,Три сестри,, од Чехов во режија на Трајче Ѓоргиев.     При крајот на месецот во театарот концерт ќе има и Ансамблот за народни песни и игри ,,Танец,, од Скопје.

По лани започнатата и годинава продолжува соработката со Танц Фест на Рисима Рисимкин. Предвидени се  четири претстави, богата и атрактивана програма, најави уметничкиот директор на велешки театар Васил Зафирчев.   Скопје  танцов  театар гостува со две претстави , гостување на Националниот балет од  Измир Турција, како и   гостување на позната француска танцова компанија  од Париз. Датумите и деталите за содржините  од Танц Фест  ќе бидат  дополнително соопштени. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »