речник контакт

Бугарија го пушти Вранишковски дома

Бугарија го одби барањето за екстрадиција на екс Владиката Јован и тој може да си оди, но прашање каде е неговиот дом?

Петар Печков

 Софискиот Апелациски суд го одби барањето на македонските власти за екстрадиција на расчинетиот владика на МПЦ, Јован Вранишковски. Укината е и забраната на Вранишковски да ја напушти Бугарија, како и мерката домашен притвор. Решението на судот во Софија е конечно.

Владиката Агатангел Митрополит на Повардарската Епархија на МПЦ смета дека пуштањето на Вранишковски од екстрадициониот притвор во Бугрија е удар  кон државата а не кон црквата.

Со овој чин од страна на Бугарија се прави удар на македонската држава. Иако Бугарија е членка на ЕУ, тие ги кршат првата и обврските  кои оваа заедница ги има, а нас не осудуваат  за се и бараат да ги почитуваме европските принципи  – изјави владиката Агатангел.

Вранишковски беше уапсен на 15 ноември по меѓународна потерница која е издадена на први ноември од македонското биро за Интерпол, по наредба на основниот суд Битола. Потерницата е издадена за  кривичното дело „затајување“. Вранишковски беше уапсен на бугарско- српскиот граничен премин Калотина, на пат за Белград каде требало да учествува на есенското заседание на Синодот на српската православна црква.

Тој во Основниот суд во Велес беше осуден на двеипол години затвор и обврска на МПЦ да и врати 15 милиони денари оштета, плус камата за пет години период кој траеше судскиот процес. Екс Владиката Јован беше осуден бидејќи  во три нејзини епархии, Преспанско-Пелагониската, Повардарската и Брегалничката, противправно  присвоил 15 милиони денари. За финансиските малверзации ги користел хуманитарните организации и црковни економии, со кои раководеле негови блиски роднини. Злоупотребувани се и донации и народни пари наменети за изградба или реновирање на храмови. Вранишковски веќе има одлежувано затвор во Македонија за други кривични дела.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »