речник контакт

Будва, лежалка поскапа од кревет

Туристите кои ќе дојдат во Будва, за изнајмување на лежалки и чадори за сонце на некои плажи ќе платат повеќе отколку што ќе ги чини ноќевањето, кое во приватното сместување чини од 8 до 15 евра.

Петар Печков

Идејата црногорските плажи да се ослободат од мобилијарите, како и од пластифицираните брегови по кои е препознатлив најубавиот приморски ресорт, ни ова лето нема да заживее. И понатаму, плажите буквално се затрупани со мобилијари, иако со Правилникот за уредување на плажите јасно е прецизирано дека секој закупец, освен хотелиерот, мора да ослободи половина плажа од лежалки и чадори.

Како што дознава „Вијести“ во Морско добро вкупно на црногорското приморје има 302 плажи, од кои 217 се уредени и изградени, во чии рамки се 32 хотелски плажи, додека 85 се природни плажи, на кои нема мобилијари.

Се на се, и оваа година на сцена е апсурдна состојба; цените на изнајмување на платнена мобилијара буквално се повисоки од изнајмување на кревет во приватното сместување.

Имено, туристите кои ќе дојдат во Будва, за изнајмување на лежалка или чадор за сонце на некои плажи ќе платат повеќе отколку што ќе чини ноќевањето, кое во приватното сместување е од 8 до 15 евра, во зависност од делот во Будва или другите места долж Будванската ривиера.

Иако спротивно на важечките законски прописи и ова лето во Улцињ влезот се наплатува на влезната капија на нудистичката населба на Ада и на познатата Женска плажа.

„Вијести“ се уверија дека цената на две лежалки и чадори за сонце е најприфатлива на најпопуларната плажа Стефан браун во Бечиќи, која е 5 евра на ден. Таа цена воедно е и најниска во однос на сите други плажи.

Цените на платнените мобилијари на Словенска плажа во зависност од локациите се од 8 до 12 евра. На најпопуларната будванска плажа Могрен, изнајмувањето на две лежалки и чадор чини 15 евра, колку што е закуп на плажни мобилијари на хотелската плажа „The Queen of Montenegro“ во Бечиќи.

Факт е дека хотелските плажи немаат наредба половина од просторот да го ослободат од мобилијарите, па влезот на оваа плажа воедно е условен и со обавезно користење на мобилијари. Дупло поголеми цени во однос на хотел Кралица се на хотелската плажа во Пржно, под елитниот хотел Маестрал, каде инзајмувањето на чадори и лежалки чини 30 евра. Туристите кои имаат намера да се искапат недалеку од Маестрал, на Кралска плажа, која исто така е хотелска, под вилата Милочер, тоа ќе ги чини 75 евра, колку што чини и изнајмување на мобилијара.

На хотелската, западна плажа, градот хотел Свети Стефан, цените се поскромни од цените во Милочер, па така изнајмувањето на мобилијара чини 50 евра, колку што чини богата вечера за двајца во некој од популарните будвански ресторани.

Најубавата црногорска Кралска плажа, за жал и оваа година е затворена за сите смртници, па во убавините на азурното море на оваа убавица ќе можат да уживаат само гостите од вилата Милочер и Свети Стефан, како и привилегирани поединци.

Цените на мобилијарите на плажите на Бар се од 2 евра за лежалка, т.е. 5 евра за чадор за сонце и две лежалки. На плажите Утјеха во Сутоморе и Чањ, за чадор за сонце и две лежалки потребни се од 6 до 8 евра.

На Одисеј плажата Сирена во Бар, изнајмување на лежалка и чадор чини по едно евро. Закупецот на плажата Радош Ѓикановиќ вели дека се направил во еко фазон според проектот на Морско добро, дека тоа чинело многу, но гости се уште нема.

Изнајмувањето на една лежалка покрај базен кај Пуробеаца чини 30 евра, лежалка-кревет 60 евра дневно.

Цените на мобилијарите на плажите на херцеговската ривиера се разновидни. Најскапи се на плажата на Клуб хотел Ривиера во Њивици. Целодневно изнајмување на лежалка чини 6, а на чадор 4 евра.

На останатите плажи за лежалка на плажа треба да се издвојат од 2,5 до 5 евра, додека изнајмувањето на чадор од 1,5 до 3 евра. Некои од плажите на херцеговската ривиера во Мељине, Баошиќи и Ѓеновиќи, спротивно на препораките речиси сто отсто се покриени со лежалки, па е невозможно да се седне на плажа, а не пак да се постели пешкир.

Некои помалку пополнети плажи сеуште не наплатуваат користење на лежалки, но затоа имаат други ригорозни режими. Така една мајка на мало дете се жалеше дека на една плажа на Топла не и дозволиле да ја помести празната маса за да стави количка на нејзино место и да го заштити детето од сонце под чадорот.

Иако влезот на плажате не смее да се наплатува - наместо тоа на некои плажи е воведена обавезна конзумација од 5 евра, која важи во текот на целиот ден. Покрај тоа, секако, се наплатува и плажната мобилијара. На некои плажи, како плажата на хотел Ривиера, капачите можат да донесат и рашират свој чадор, а на други плажи тоа е строго забрането. Може да се очекува дека во шпицот на сезоната плажната мобилијара ќе биде уште поскапа.

Скапо е и на Алмара и Пјурбич плажата

На туристите и на домашните гости на Тиватската ривиера ова лето на располагање се 15 уредени и природни плажи на кои се издава и плажна мобилијара. Меѓу најефтините се плажите на хотелот Камелија во Доња Ластва и хотелот Мимоза во центарот на градот, каде изнајмување на две лежалки и чадор чини 5 евра.

На плажата на хотел Палма изнајмување на две лежалки и чадор чини 6 евра, колку што е и на плажата Калардово, т.е. плажата Солила на Брегот Ѓурашевиќ. Цените на мобилијарите на најпопуларното капалиште на Тиватската ривиера - плажата Син хоризонт во заливот Пржна, изнесува 8 евра на ден за комплет од две лежалки и чадор, изнајмувањето на мал чадор чини 2 евра. На Син хоризонт паркингот за автомобили чини 3 евра. Меѓу најскапите е едно од најексклузивните капалишта на Тиватската ривиера, но и воопшто на Црногорското приморје - плажата Алмара Бич на заливот Облатна.

До крајот на јуни две лежалки и чадор ќе чини 10 евра дневно, додека изнајмувањето на посебни летни лежалки по кои е позната Алмара, чини 25 евра. Од 1 јули до крајот на август нови цени се предвидени за шпицот на сезоната па изнајмувањето на мобилијари на Алмара ќе биде двојно поскапо.

За тие со најдлабоки џебови наменет е 65 метарскиот отворен базен Лидо Мар на тиватската плажа Порто Монтенегро, која ова лето ќе работи во рамки на ланецот на ексклузивни плажи Пјурбич од Шпанија.

Изнајмувањето на една лежалка покрај базен кај Пјурбич чини 30 евра, лежалка-кревет 60 евра дневно, а изнајмувањето на посебни луксузни лежалки, што на располагање се само четири, ќе треба да се плати 500 евра дневно. Покрај класичните лежалки-кревет, се добива и посебен пакет за добредојде со свежо овошје, вода и сокови, додека изнајмувањето на посебните луксузни лежалки подразбира и значително поголем вклучен пакет на конзумација во плажниот ресторан.

Наплатуваат влез на Ада Бојана

Иако спротивно на важечките законски прописи и ова лето во Улцињ се наплатува на влезната капија на нудистичката населба Ада и на познатата Женска плажа во близина на хотелот Албатрос.

Сопствениците и закупците овој потег го оправдуваат со посебноста на населбите и популарната Женска плажа, на која постојат извори на сулфурна вода која лековито делува на стерилитетот. Цената за влез во нудистичката населба е иста како и лани, 5 евра за возило а едно евро по лице. На сите други плажи долж Улцинската ривиера, влезот е слободен, а цените на плажната мобилијара се многу популарни.

Така на официјално најубавата црногорска плажа Сафари, две лежалки и чадор можете да ги изнајмите за 5 евра дневно, додека паркингот во ладовина под стогодишните борови е бесплатен. Иста цена имаат и другите капалишта на Велика плажа, додека истите мобилијари на Мала плажа чинат едно евро повеќе на ден.

На истата плажа за 1 евро можете да изнајмите лежалка, а чадор за 3 евра. На најпопуларното шеталиште за млади прочуената Ибица во Борова шума, две лежалки и чадор чинат 5 евра.

текстот е преземен од Вијести - Подгорица

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »