речник контакт

Важно е да се учествува, никогаш не видел снег во животот ама настапи на СП

Адријан Солано од Венецуела, падни стани, во притвор како мигрант, без пари ама сепак учествуваше на СП во биатлон

Петар Печков

Солано дојде на Светското првенство во крос-кантри кое се одржува во Лахти, Финска, а претходно никогаш не видел снег во животот. Тоа на патеката беше очигледно, затоа што несреќниот Солано при секој обид да застане на скии паѓаше. Иако имаше желба, константно паѓаше, но сето тоа не го демотивираше. На крајот успеа да стигне до целта…

Заостанувањето беше очекувано огромно, а зад првиот доцнеше дури 38 километри. Интересно е дека пред СП, Солано се обиде да влезе во Шведска како подобро би се подготвил, но го депортираа веднаш по влегувањето во државата, затоа што мислеа дека се работи за илегален имигрант…

Јасно е тоа дека не му беше лесно, делуваше комично, но успеа да стигне до целта. Воедно имал големи проблеми воопшто Адријан Солано да дојде во Лахти, бидејќи во Франција, од каде што требал да оди на подготовки во Шведска, не му верувале дека е навистина нордиски скијач, туку се сомневаа дека станува збор за економски мигрант.

„Кога на 19. јануари дојдов во Париз, им објаснив дека сум нордиски скијач кој патува во Шведска да тренира. Не ми веруваа, ми се смееја и ми рекоа дека не постои скијање во Венецуела“, рече 22-годишниот Солано.

Додатно сомневање било и тоа што во џебот му пронашле само 28 евра. „Ме обвинија дека сум економски мигрант кој побегнал од својата земја поради лошите услови. Не успеав да ги убедам луѓето во Франција дека имам сертификат кој докажува дека се покриени трошковите за припреми во Шведска.

Загубив еден месец поради таквите проблеми, и дури после реакцијата од страна на венецуелската амбасада, успеав конечно да пристигнам во Лахти. Нема да се откажам, скијањето е мојот сон“, додаде Солано.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »