речник контакт

Велес за Јапонија

Човекољубието не умира, покажа изложба на студентите на ФОН со цел подигање на свеста за потребата на помош на јапонците.Овие две земји го поврзува сонцето

Петар Печков


Триесетина плакати дело на студентите на ФОН на тема Македонија за Јапонија до петок ќе бидат изложени во Ликовниот салон во Велес. Цел е да се помогне  при катастрофи, но и да испратиме порака за надеж и поддршка за јапонскиот народ.

Изложбата е изработена од нас студентите, кои сме на графички дизајн. Со неа ќе прошетаме низ Македонија, по Скопје сега сме во Велес, па продолжуваме Битола, Делчево, за да им порачаме на другите сограѓани дека е потребно да се помогне во несреќа -   вели Ивона Стојковска студент на факултетот за дизајн и мултимедија при ФОН.
 
Јапонија му помогна на Велес преда пет години со донација од 40 илјади евра, за набавка на мамограф по што велешките жени не  патуваат по околните градови, заради рано откривање на рак на дојката.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »