речник контакт

Велес извлече нерешено со лидерот Железарец во Скопје

Екипата на Велес во футсал се пласираше и во четврт-финалето на купот

Петар Печков

 Екипата на Велес одигра изненадувачки 2:2 во Скопје, против лидерот Железарец. Скопјани во 14-те досега одиграни натпревари  немаат загубено ниту бод и затоа овој резултат е голем успех за велешката екипа.  

 Шатара во 6-тата минута израмнува на 1:1 а преку  Андов во 26-та поведуваат со 2:1. Домаќините израмнуваат во финишот. Најдобар поединец на средбата бил голманот на Велес    Влатко Петровски.

По овој бод, Велес е на 7-то место со 18 бодови  во Првата футсал лига, а во 16-тото коло игра дома против Шкупи, кој е второпласиран со 30 бодови.

Во четвртокот, пак се одиграа осминафиналните натпревари од купот  а Велес во салата Гемиџии со убедливи  5:1 ја  совлада  второлигашката  екипа на Овче Поле од Свети Николе. Така влегоа во четврт-финалето. Паровите дополнително ќе бидат извлечени. 

фото: http://kmfzelezarec.mk

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »