речник контакт

Велес по 13-ти пат ќе се пее и танцува во изворни ритми

Учесници се 21 ансамбл и околу 400 гости. Фестивалот се одржува од 5-ти до 9-ти јули

Петар Печков

Фолклорниот фестивал и годинава првите денови на јули.  Ќе биде обележје  на животот во градов. Најпосетуваната  манифестација   годинава  ќе донесе 21 ансамбл,  половина учесници од странство и останатите од  Велес и Македонија. Така етно звукот и народната  носија ќе го држат вниманието во жешките летни вечери, наредната седмица.

Фестивалот ќе започне на 5-ти јули (вторник) со традиционалното дефиле на учесниците кои како и секоја година ќе тргнат низ велешките улици од ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ во, 19 часот. Свеченото отворање на фестивалот е во 20 . 30 минути, на традиционалната локација- амфитеатарот во Младинскиот парк.

Со особено задоволство би сакал да најавам дека не очекува динамично 13-то издание на фестивалот  а за посетителите   подготвуваме и изненадувања кои ќе ја збогатат програмата.  Програмата т ќе се одвива во  пет фестивалски вечери. Секоја вечер програмата ќе започнува во 20 часот и 30 минути со исклучок на свеченото затворање  во сабота, на 9-ти јули, кое ќе започне во 20 часот. Годинава ќе патуваме со традициите на вкупно 11 ансамбли од странство – изјави Томе Јаневски претседател на организациониот одбор  на манифестацијата.   

Гостите доаѓаат од Мексико, Србија, Турција, Романија, Бугарија,     Полска, Црна Гора,  и македонските друштва од Грција и Австралија.  На гостите ќе им се придружат  домашните групи и ансамбли:  „Керамичар“, „Коле Неделковски“ „Вила Зора„, „Распеани велешани“ и „Распеани пензионери“ од Велес, „Китка“ од Истибања,  „Бојмија“ од Гевгелија, а со својот настап програмата ќе ја збогатат и ансамблите „Ацо Ѓорчев“ од Неготино, Младинскиот клуб на Мажоретки од Скопје и Младинскиот црковен хор од Велес.

 Ја користам оваа пригода да  Ве поканам вас граѓаните како најголеми и најискрени поддржувачи на овој значаен културен настан, по 13 пат да бидете вистинската поддршка за учесниците на Интернационалниот фолклорен Фестивал Велес. Уште еднаш Ве очекуваат незаборавни летни вечери исполнети со бои, ритам и радост. Со богатата програма што ви ја претставивме верувам дека фестивалот ќе понуди вистинско уживање за сите генерации граѓани од Велес и регионот. Ве поканувам да бидете и домаќини и гости на еден колоритен и убав свет што сите овие години го градиме заедно со вас – рече  Јаневски.

Во случај на лоши временски услови, фестивалските вечери ќе се одвиваат во спортската сала „Гемиџии“.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »