речник контакт

Велешанец моли да му ја вратат украдената кобила

Бизарната кражба била извршена изминатиот викенд, од шталата на сопственикот

Петар Печков

Бизарна кражба се случила  изминатиот викенд во околината на Велес. Во  насеслбата  Дурутовец, од бавча е украдена кобила. Сопственикот ги замолува сторителите да ја вратат, оти таа му е неопходна за работа.

Изминатата сабота ми беше украдена кобилата од шталата. Со нејзе работам долги години, ја обработувам земјата. Овој чин е непоштен, нечесен. Ги замолувам тие што ја украле да ја вратат оти прават голем грев.  Ако имаат срце и душа нека ја вратат, таа е учена само со мене  да работи. Вратете ја за да имате мир и спокој на душата - вели сопственикот  Миле Манев. 

Додава дека во периодот кога кобилата е украдена, соседите виделе во близина автомобил со прилепски регистарски таблички, со љиљакова боја. Од СВР Велес потврдија дека има пријава за украдена кобила од штала.

АНКЕТА »

2017-та е зад нас. Како ќе ја помните?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »