речник контакт

Велешани навалија во Техномаркет за Црниот петок

По најавите за екстремни попусти до 80% навалица од потрошувачи во маркетот на Техномаркет. Така и велешани се приклучија на светскиот настан Black Friday

Петар Печков

Невообичаена гужва имаше овој петок во маркетот на техномаркет во Велес. По најавите дека некои производи ќе бидат намалени и до 80 отсто, велешани и помлади и постари и стечајци и вработени, дојдоа да најдат нешто што ќе им биде потребно за дома. 

Со оваа акција, која започна на 29 ноември, ќе трае до понеделник, 2 декември 2013 година, компанијата му се приклучува на светски популарниот настан, Black Friday или познат како почеток на божиќните и новогодишните намалувања. Во текот на викендот, најголемиот ланец на продавници за бела техника и апарати за домаќинство, Техномаркет, за прв пат ќе им овозможи на граѓаните купување на вредни предмети за домаќинство по многу ниски цени. Ова е во најавата од Техномаркет за овој прв пионерски чекор во македонија.

Најпознатиот празничен шопинг настан, Black Friday, е традиционална манифестација на која сите поголеми маркети, продавници и компании своите производи ги нудат со големи попусти, со што го покажуваат својот празничен дух. Тоа е најмасовно посетениот настан ширум светот, кога граѓаните во редици го чекаат отворањето на вратите од супермаркетите и трговските центри

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »