речник контакт

Велешката библиотека, библиотека на годината во Македонија, за 2024 година

Наградата ја доделува Библиотекарско здружение на Македонија, ќе се врачи на 15 мај

Петар Печков

Градската библиотека Гоце Делчев го доби признанието за библиотека на годината за 2024 година. Наградата ја доделува Библиотекарско здружение на Македонија. Велешката библиотека е во категорија на јавни библиотеки.

Во категоријата високошколски библиотеки „Макс ван дер Штул“ - Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово, во категоријата библиотеки при основни училишта библиотеката при ОУ „Никола Карев“ – Кочани.

Признанијата ќе бидат свечено доделени на 15 мај 2025 година, во Хотел „Глориус“, за време на официјалното отворање на 5. Меѓународна конференција на библиотекари.

Наградите се доделени за  континуиран труд, професионализам и придонес кон развојот на библиотечната дејност.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »