речник контакт

Велешка Болница со нови апарати вредни 40 илјади евра

Тоа е донација од македонско -германското здружение ,,Киндер хилфе,,

Петар Печков

ЈЗУ Општа Болница Велес доби неколку медицински  апарати, со кои грижата за здравјето на пациентите се зголемува.  Тие се донација од македонско - германското здружението ,,Киндерф Хилфе,, со вредност од околу 40 илјади евра.Таа е обезбедена со ангажам на новото раководство на оваа здравствена институција. 

Набавени се гасен анализатор, ехо апарат, инхалатори за деца, пулс оксиметар  и подвижно ЦТГ.  Двата апарати се веќе поставени во лабораторијата и интерната амбуланта.  Гасниот анализатор е производство на ,,инструметејнјшн лабаратори,  реномиран производител на медицинска опрема. 

Овој апарат кој е за обработка на параметри од  критично болни пациенти,  ги работи следните параметри: пх во крвта,  парцијален  притисок на ЦО2, парцијален притисок на кислород,, натриум, калиум, јонски калциум,  лактати, глукоза. Врз основа на овие мерни параметри  се изработуваат и други вкалкулирани  параметри по барање на корисниците. Досега ваков апарат со  мерење вакви параметри не сме имале.  Добивме и кертриџи   со што се обезбедени за работа за следната година дена - кажа д-р Васил Тодоров началник на лабораторија. 

 Еко апаратот ,,сименс,, е исто така во функција, тој работи со четири сонди. 

Апаратот е со повеќе функции. Има абдоминална сонда, кардиолошка сонда, сонда за доплер. Практично сите дејности кои се во ехото, во дијагностиката може да ги извршува. Веќе е поставен и работиме со пациенти - рече д-р Драган Јорданов началник на интерното одделение.   

Од здружението  ,,Киндер хилфе,, изразија задоволство за тоа што можеле да помогнат со опремување на велешката Болница cо апаратура и најавуваат дека соработката може да продолжи и во иднина, на задоволство на пациентите и докторите.  За оваа нивна донација, тие добија и благодарница од страна на директорот нa Болницата д-р Божидар Бојаџиев.  

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »