речник контакт

Ве молевме за помош за Тамара, Вие молчевте, потсетува мајата Жаклина

Жаклина ги потсетува министерот Тодоров и д-р Софијанова, што тие направија за време на болеста на Тамара

Петар Печков

Жаклина Димовска, мајката на малата Тамара која почина заглавена во лавиринтите на здравствениот систем, јавно преку нејзиниот ФБ профил ја искажа својата разочараност, мака, тага и болка. Таа јавно им  одговори но и ги праша министерот Тодоров и проф. доктор Аспазија Софијанова, по нивните настапи во  јавноста деновиве.  

Не знам зошто си разочаран? Мојата Тамара ја нема  повеќе зошто? Уште пред три години во Велес јавно те молев, те молев да ме примиш,да те запознам со случајот на Тамара. И до дене денес не ме прими иако знаеше дека те чекам пред Министерството. Тамара имаше болки, молеше за помош а ти  не најде време да не примиш и сослушаш.  Затоа немаш одговорност?  - напиша на нејзиниот ФБ профил Жаклина Димовска.

Таа по погребот во вторникот,  не сака повеќе да комуницира со јавноста, телефонот е исклучен.   Семејството Димовски повеќе години се обидуваа да најдат лек за болеста на Тамара, вродено искривување на рбетниот столб.   Болеста напредуваше а  чаре немаше.

Минатата есен, Жаклина јавно проговори за проблемот, по што се формираше здружение ,,За Тамара,, кое започна да собира донации, се одржа хуманитарен концерт во Велес    а средствата беа наменски за лекување на девојчето. Потоа дел од медиумите го актуализираа проблемот, на бирократскиот здравствен систем, преку случајот на Тамара.  Таа никако не можеше да добие потврда за  лекување во странство, иако во Македонија немаше соодветна здравствена институција.

  Во една од преписките проф., д-р Аспазија Софијанова, како претседател на комисија која решава по барањето,  негативно одговара на семејството Димовски, со образложение  дека не се исцепени сите можности за лекување во Македонија.    Мајката Жаклина и за ова има потсетување до д-р Софијанова.

 Тамара лично те молеше да и помогнеш во август. А тоа кој ти нареди да се потпишеш по телефон, треба јавно да го кажеш. И  го должиш тоа на мојата принцеза. Демек не си сакала. Срам да ти е - лута запиша Жаклина на нејзиниот ФБ.  

Проф. д-р Софијанова потврди дека е нејзин, но   се огради од потписот бидејќи бил ставен по јавување од Фондот на здравство, дека наскоро во Македонија ќе се отвора  Спинален центар за лекувања на такви случаи.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »