речник контакт

Викендов се одржа Февруарскиот поход (фото)

За три дена 50 учесници изодеа 20 км, од Богомила до Ораoв Дол

Петар Печков

Од петокот до неделата  се одржа планинарската манифестација „Февруарски поход 2015„. Педесетина планинари од повеќе градови на земјава, како и ученици од Средношколскиот дом ,,Лазар Лазаревски,, ја пешачеа патеката  долга 20км. од Богомила до село Ораов  Дол, до планирачкиот дом ,,Браќа Јаневи,,.   Оваа манифестација станува препознатлив бренд на  регионот од Азот. Таа е возобновена и годинава се одржува четврти пат по ред.   

Сплотеноста, храброста и издржливоста на учесниците придонесоа и оваа година овој марш да биде едно прекрасно дружење. Се надеваме дека и наредните години ќе имаме што подобри и поуспешни манифестации кои придонесуваат за подобро претставување на руралните средини во нашата држава, нашите општини, нашиот менталитет и планинарењето како спорт - рече Зоран Игновски претседателот на  СПД „Зелен Рај“ од Велес организатор на Февруарскиот поход .  

За учесниците беше организиран ручек-традиционално планинарско гравче, а за секој од нив беа обезбедени и пригодни поклони и пофалници. Спонзорот винаријата „Изворно“  за секој учесник обезбеди вино со логото на СПД „Зелен Рај“ Велес и манифестацијата „Февруарски поход 2015“.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »