речник контакт

Виничанец тешко повреден при скок од трактор

Поради тежината на повредите З.В. е пренесен во Ургентен центар

Петар Печков

Жител навелешкото село Виничани бил тешко повреден откако скокнал од трактор. Поради тешките повреди, трактористот е  пренесен во   Ургентен  центар Скопје.

Според МВР , во Полициска станица Велес во 9,15 часот од  велешката Болница, било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице. Тоа бил  З.В.(36год ) од с.Виничани.  

Тој изведувајќи земјоделски работи со трактор во атарот на село Чичево, изгубил контрола и при обид да скокне од него, удрил во задното тркало.

Поради сериозноста на повредите бил веднаш   препратен во Ургентен Центар Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди, сериски  скршеници  на  четири ребра и пукнатина во пределот на черепот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Велес и  работат на целосно расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »