речник контакт

Владата позитивно одговорила на спојувањето на двете ОУ Благој Кирков и Јордан Хаџи Константинов Џинот во едно

Градоначалникот Коцески повика просветните работници, кои исполнуваат услови за пензија а го продолжиле работниот однос, за заминат во пензија во името на младите генерации. Побара да се почитува и реонизацијата при упис во прво одделение

Петар Печков

Владата на 141-та седница дала позитивно  мислење по  информацијата за основање на општинско основно училиште „Панко Брашнаров“ .  Претходно и Министерството за образование и наука  дало согласност за престанок со работа на ООУ Јордан Хаџи Константинов Џинот-Велес и ООУ „Благој Кирков“–Велес,со цел спојување на двете основните училишта  и отворање на нов правен субјект кој ќе биде  нивен правен следбеник. Ова го кажа на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.  Тој најави дека на следната седница на Советот, која ќе се одржи на 30-ти јули, ќе се донесе конечната одлука за основање ново основно училиште ,,Панко Брашнаров,,.  Нагласи дека ниту еден  вработен на неопределено,  нема да остане  на улица.

Согласно Законот за основното образование Советот на општината донесува одлука за основање на основно училиште, по претходно прибавено позитивно мислење од Владата. Со цел да продолжи постапката за упис во Централен регистар за упис на новото основно училиште потребно е донесувањето на оваа одлука. По преземањето на вработените од страна на новиот правен субјект, ќе се премине на згаснување на двете училишта - кажа Коцевски. 

Тој во оваа пригода ги повика  просветните работници , кои исполнуваат услови за пензија а го продолжиле работниот однос, за заминат во пензија во името на младите генерации.   

Со голема благодарност и почит кон наставниците, професорите, кои сиот работен век го посветија на образованието и на воспитувањето на децата на младите а на кои Законот им  ја дава можноста да продолжат со работа и покрај наполнетите години за старост  сакам да ги замолам да размислат да продолжат со работа. Такви во училиштата има 27 случаи , кои потпишале изјави дека ќе продолжат со работат.   Ова е можност за градење иднина на 27 млади семејства, кои се борат да обезбедат егзистенција за своите семејства. Затоа јавно ги замолувам овој наставен кадар, во името на нивната професија, на нивната благородна функција да се откажат од нивните барања во името на иднината на Велес и тие млади да останат во земјава    - порача Коцевски.  

Тој се осврна и на реонализацијата при запишувањето на првачиња и ги повика родителите да ги запишат децата таму каде припаѓаат според местото на живеење а директорите да ја почитуваат законската регулатива. 

Ова се однесува за родителите од училиштата ОУ Благој Кирков и ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот.  Како и за родителите од ромска националност да ги запишуваат децата на училиште, да не им бидат неписмен-  рече Коцевски. 

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »