речник контакт

Владиниот кабинет на отчет пред велешани

Премиерот Груевски на граѓанска средба одговараше на прашања на велешани. Министерот за здравство Тодоров во полноќна посета на велешката Болница

Петар Печков

Што се е сработено во изминатиот период, кои проекти се реализирани беше темата на средбата на Владиниот кабинет и премиерот која се одржа во  преполната сала Бели Мугри. Премиерот Никола Груевски  ги повика граѓаните  да ги користат правата кои  им се дадени во сите сфери на живеењето.

Се обидуваме на народот да му укажеме дека има свои  права. За сите наши проекти имаме механизам за нивно спроведување  и за заштита на граѓаните. Тоа тие малку го користат оти не го знаат. На сите административни службеници во земјава  за нивната работа, граѓаните имаат можност да  го казнат нивното неработење сами.  Што се однесува на спорот со јужниот сосед. Какво и да е  решение ние политичарите  да прифатиме, тоа мора народот да  реши дали е во ред - рече премиерот Груевски. СДСМ на оваа трибина беше спомнат само еднаш и тоа попатно без негативна или позитивна конотација.

     

Оваа Влада има програма со работа  во изградбата на инфраструктурата да се изгради асфалт до најмалото населено место, за луѓето да не мигрираат од нив. Тоа е тешко но сепак ние успеавме. Ние собравме храброст да започнеме изградба на автопатот кај Демир Капија која е вистинска провокација оти тој е во лош нерамен дел, полн со тунели, мостови. Претходно се граделе автопати по пет - десет километри на рамен дел. Е ова е вистинска тешкотија но ние ќе ја реализираме – рече Владимир Пешевски потпретседател за економски прашања. Тој не заборави да потсети дека во сите седум   години од нивното владеење се судруваат и со  големата светска економска криза. И во такви услови  невработеноста во Македонија се намалувала а бројот на вработени расте, платите и пензиите растат.

Во велешко во здравството се изврши големо инвестирање. Градската Болница комплетно  се реновираше, доби голем број нови современи апарати за дијагностицирање. Се реновира и веќе половина е завршена специјалната болницата во Јасеново. Вработивме и ќе вработуваме докторски кадар во Болницата во Здравствениот дом, каде ќе доставиме и нови амбулантни возила – рече министерот за здравство Никола Тодоров. Тој подоцна по предлог на д-р Билјана Караѓозова заминаа во посета на велешката Болница и тоа на полноќ. Посетени биле Физикалното одделение и лабораторијата, кои единствено останаа не реновирани од велешката Болница.

Во велешко во 2010 како субвенции биле  поделни 250 милиони денари, лани 261 милион денари. Истовремено е поделено земјоделско земјиште на индивидуалните земјоделци потсети  Љупчо Димовски министер за земјоделие.

Извршивме санација на свлечиштето Рамина заедно со помош на централната власт, привршува градбата на театарот, изградени се модуларни училиште во Иванковци и Отовица заедно со Министерството за образование. Посебно внимание обрнавме на високите делови од градот, периферните делови, реоните кои беа заборавени. Работевме таму каде што со децении ништо не е фатени. Знам дека тоа што го сработивме не е доволно, затоа што каде и да отидете во овие делови на Велес има уште многу за работа.

Можеби маркетиншки не се фалевме со сработеното, но луѓето што таму живеат го знаат и тоа им значи. Изградба на улиците до двете цркви, изградба на пешачка патека на Железен мост, се дел од овие проекти. Работевме на изградба на инфраструктура во индустриските зони во општината. Наскоро ќе започне промена на преостанатите електрични светилки во градот со економични. До март очекувам дека ќе заврши изградбата на водовод до езерото Младост. Не велиме како некои политичари ,,ќе направиме,, туку како еден проект завршува, друг започнува, и се оди во континуитет – рече Горан Петров градоначалник на Велес.

 Присутните најчесто бараа договор за вработувња, кога теи се на рабто на егзистенција. Велешките пензионери пак од градоначалникот побараа, по теркот на Скопје и тие да се возат бесплатно во градскиот превоз.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »