речник контакт

Возовите во Македонија во мирување

Железничка станица во Велес празна, ниту возови, ниту патници

Петар Печков

Машиновозачите  од МЖ Транспорт,   штрајкуваат. Си ја бараат втората половника од плата за октомври. Поради ова денес, вторник, сите возови не тргнаа кон крајната цел. Единствено сообраќал меѓународниот воз од Белград за Солун. Железничарите велат дека ова не е штрајк, туку протест.

Продолжуваме со штрајкот се додека не им се исплати вториот дел од платата за октомври. Кога ќе се исплати веднаш продолжуваме со работа. Без пари не се оди на пат   - порача Душко Чакаровски, машиновозач во Македонски железници АД Транспорт на денешната прес- конференција. 

Тој посочи дека  железничкиот товарен и патнички сообраќај е во целосен прекин поради протестот на вработени во Македонски железници АД Транспорт и додаде дека утринава сообраќал само патничкиот воз за Гевгелија што го управувал вработен што не го почитувал договорот.

Додаде дека доколку до 25 декември не им биде исплатена и ноемвриската плата, повторно ќе штрајкуваат. Ова е трет штрајк на вработени во АД МЖ Транспорт. Таму има 90 машиновозачи, 40 помошници машиновозачи,  30 кондуктери и  100 маневристи. 

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »