речник контакт

Во Велес започнува театарскиот фестивал ,,Импакт,,

Фестивалот е подлен на три сегмени. За почеток на програмата, четврток и петок се две претстави, Федра и Херој 1.0

Петар Печков

Со две гостувања на Словенско Младинско гледалиште,  четврток и петок во Велес    започнува  петтиот по ред Фестивал на алтернативен театар ,,Импакт,, .  За отворањето е предвидена претставата ,,Федра,,  копродукција  на велешки театар со Словенско Младинско гледалиште,  чии актери ќе гостуваат и  настапат  в петок со претставата ,,Херој 1.0,,.    

Годинава фестивалот е поделен во три блока, првиот едукативен, а вториот и третиот се програмски кога ќе бидат прикажани повеќе театарска претстави и сите се странски  гостувања.  

Годинава фестивалот истражува не само по содржина, туку по форма и  структура.  Фестивалот е поделен на три дела. Причина што помеѓу двата програмски блока овој од септември и следниот при крајот на октомври има временска разлика  е новиот термин, префрлањето на одржување на Фестивалот на античка драма ,,Стоби,,.За да не дојде до заситување на публиката, ги  одвоивме претставите. во време од еден месец . Значајно е што во третиот блок ќе имаме гостување, за прв пат во Македонија на дел од учесниците на Квадриеналето во Прага, значаен настан во театарскиот свет како театарска Олимпијада каде годинава имаше 10 илјади учесници     - изјави   Александар Ивановски директор на фестивалот.

    Првиот дел кој е  образовен и завршил викендов, преку работилница на актерска игра  опфатил дваесетина  средношколци  љубители на театарот.  Тие имале  можност да им предава Скот Џонстон, реномиран светски   професор од  Единбург , кој одржува работилници  и режира претстави по светот. Тој три дена  држел предавања во Велес со цел формирање и образување на нова млада публика, кон новите текови на театарот.

Гостувањето на  Словенско младинско  гледалиште е резултат  на долгогодишната соработка и тие се партнер  на фестивалот Импакт, потсетува Ивановски.  Што се однесува до гостувањето на  дел од програмата на ,, Квадриеналето од Прага,, на  фестивалот Импакт во Велес  е  бидејќи  тој е  дел од проектот ,,Споделен простор,, каде бил партнер овие три години.

Тоа е проект во кој учествувале  15 институции  од поширокиот регион, факултети, универзитети, фестивали, невладини здруженија едно од нив е и ,,Импакт,,. Фестивалот ,,Импакт,, е финансиски поддржан од Европските фондови и од Германската фондација ,,Алијанс,,, и годинава за прв пат од Министерството за култура, како и технички помогнат од велешкиот театар, каде ќе се одржуваат претставите.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »