речник контакт

Во Велес за едно деноноќие 12 ново заболени од ковид-19

Бидејќи двајца од вработените во Центарот за јавно здравје биле позитивни, истиот нема да работи се до добивањето на резултатите од контролата на останатите колеги од оваа здравствена институција. Резултатите на вработени од инфективното одделение од велешката Болница биле сите негативни

Петар Печков

Центарот за Јавно здравје Велес информираше дека изминатите 24 часа во Велес се регистрирани нови 12 случаи на лица  чии резултати покажале дека се позитивни на ковид-19.  Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашиот град изнесува 55 лица.

Се работи за 4 лица поврзани со веќе постоечки кластер кои се наоѓаат на лекување на инфективното одделение во Општата Болница во Велес, четири лица членови на семејство на лице вработено во трговска дејност, две лица вработени во трговскиот сектор и две лица вработени во Центарот за јавно здравје - Велес - информираа од оваа здравствена институција. 

Од таму  додаваат дека поради ново настанатата ситуација пунктот на Центарот за јавно здравје - Велес нема да работи од вторник -21 април,  поради тестирање на можните контакти со инфицираните вработени во центарот. По утврдување на фактичката состојба јавноста благовремено ќе биде информирана за продолжувањето на активностите на Центарот.

Од ЈЗУ Општа Болница Велес  соопштија дека сите вработени од Инфективното одделение, кои беа тестирани, нивните брисеви покажале негативни резултати. Ова доаѓа откако вработена во ова одделение пред некој ден беше позитивна на ковид-19.  

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »