речник контакт

Во Велес има 1,7 илјади деловни субјекти, најмногу се трговски

Преовладуваат микро фирмите, до десет вработени. Последните години постојано се намалува бројот на деловни субјекти

Петар Печков

Според статистичките показатели во  Општина Велес до крајот на 2014-та година имало   1.774 активни деловни субјекти. Споредбено со 2013-та тоа е помалку за  74 деловни субјекти, тогаш ги имало 1847.  Но најмногу ги имало во 201-тата кога биле регистрирани  1866.  

Во 2014-та  најмногу фирми 712  биле трговски и поправка на моторни возила.  Бројката распоредена по индустриски гранки, производни и услужни дејности  е следена:   197 преработувачка индустрија, 164 транспорт и складирање,  125 стручни, научни и технички дејности, 114 земјоделие, шумарство и рибарство.

 Од вкупната бројка на деловни субјекти во 2014-та, најголем дел 1,3 илјади се микро  фирми кои вработуваат до 10 лица.  Мали фирми кои имаат до 50 вработени во велешко има  441, средни со до 250 вработени има  20 и само шест се  големи кои има над 250 вработени. 

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »