речник контакт

Во Ликовен салон дела од хрватски ликовни уметници

Претставени се дела од 23 современи ликовни уметници од Хрватска, сопственост на Стјепан Похижек, кој така ја претставува хрватската уметност

Петар Печков

Во Ликовниот  салон минатата седмица беше  отворена изложбата на дела од 23 современи ликовни уметници од Хрватска. Изложбата е  насловена како Ликовен круг “Похижек“ и се реализира во организација и соработка на Домот на култура “ Кочо Рацин “ - Скопје, Заедницата на Хрватите на Македонија и Народен музеј Велес.

Изложените дела се сопственост на Стјепан Похижек ( 70 год) . Целиот живот до пензионирањето работи како занаетчија и поседува неколку фирми. Од раната младост појавува голем интерес за ликовната уметнсот, иако со собирање на делата започнува дури од 2005 г, сосема случајно, по еден сликарски собир. Од тогаш интензивно собира слики и се дружи со уметници.

Има собрано преку 3000 дела кои ги има купено или пак добиено на подарок од бројни академски сликари, уметници, но и од уметници аматери. Уметниците, нивните слики и Похижек го формираат “Ликовниот круг Похижек“.

Од фундусот на собраните слики на Стјепан Похижек подготвува изложби со цел за промовирање на хравтските уметници и уметноста воопшто. До сега има подготвено преку 50 изложби во Хрватска и во земјите на Европската Унија. Изложбата во Велес е поставена до 25 јуни. 

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »