речник контакт

Во Општина Чашка започна на асфалтирање на три патни правци

Обезбедени се 115 милиони денари, а започнаа работите за изведба на патот од Гостиражни за Богомила

Петар Печков

Во Општина Чашка  во тек се неколку инфраструктури активности. Со поддршка од Јавното Претпријатие за државни патишта, се градат три патни правци,  со цел подобрување на условите за живеење на граѓаните. Согласно програмата на ЈПДП, за оваа цел се обезбедени 115.000.000 денари. 

Во тек е асфалтирање на регионален пат на потег од село Бусилци кон железничка постројка до  Стари Град во должина од 2,5 километри. Започнато е асфалтирање на регионален пат  од населба Чашка до атарот на село Лисиче во должина од 6,5 километри, како и негово проширување. 

Секако најзначаен е почетокот на изградбата на  регионален пат  Богомила до  Гостиражни-прилепско  во должина од 7,5 километри, за што се издвоени 50 милиони денари. Сега се работи на тампонирање, се почна од прилепска страна а патот треба да биде завршен до  октомври. Со ова жителите на Богомила нема повеќе да патуваат до Прилеп преку Велес и Градско - изјавија од локалната власт.  

Општина Чашка најавија дека  преку Бирото за Регионале Развој биле  обезбеди  шест милиони  денари за асфалтирање на патниот правец од ХС"Лисиче" до село Горно Врановци. Градежната активност  ќе започне во наредните месеци.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »