речник контакт

Во Прилеп отворена ретроспективна изложба на Коста Клифов (фото)

Младиот уметник кој почина прерано на 32 годишна возраст остави дела по кој ќе остане да живее

Петар Печков

Во Центарот за култура во Прилеп вчеравечер беше отворена изложба на младиот велешки уметник Коста Клифов, кој ненадејно почина пред една година. Со триесетина дела  работени во масло на платно, акварел, графика,  избор од неговото творештво, се направи омаж за делото на Клифов.  

Клифов имаше дарба зборовите да ги преточи во бои  а сликите во поезија. Иако тој физички не е меѓу нас, неговата умесност останува трајно и бесмртно со што ќе остане да живее споменот за него. овде е изложен еден скромен дел.   Како чести теми кои се провираат на неговите дела   се дуализмот помеѓу животот и смртта, човековото битисување и желбата за подбора свет. Алтруист, филантроп,филозоф, вљубеник во светот во кој живее, преку сличниот симболизам во ликовните дела, наоѓа начин да се спротивстави на  војните , на страдањата и се што е нехумано во денешното живеење. Неговата желба за подобар свет преку овие дела се надевам дека ќе допре до Вас - рече   Ива Танасоска. 

Клифов зад себе има   13 ликовни изложби, дел од нив самостојно, дел групни со други автори. Во родниот Велес  има самостојна изложба насловена ,,Свет,, поставена во 2013-та.  Коста Клифов има дипломирано на ФЛУ во 2009-т во класата на професор  Рубенс Корубин. 

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »