Петар Печков
Објавено: сабота, 23 ноември 2024
По повод 85 годишнината од издавањето на збирката поезија „Бели мугри“ од Коста Солев Рацин, печатена во далечната 1939, издадена на 25 ноември, во братскиот град Самобор Хрватска, каде денес 23 ноември, сабота, се одржа Рацинов ден.
Во знак на благодарност пред спомен бистата на големиот македонски поет, покрај Музејот на град Самобор, се собраа сонародниците од Заедницата на Македонците во Хрватска, од Македонското културно друштво Охридски бисери од Загреб како организатори.
Гости на настанот беа македонскиот амбасадор во Загреб Милаим Фетаи, европратеникот од Самобор Давор Стиер, претседателот на градското собрание на Самобор Миран Шоиќ, делагација на Општина Велес, предводена од заменикот градоначалник Коста Нојков.
Беше положено свежо цвеќе пред споменикот на Рацин, кој е донација од Општина Велес пред 12 години. Потоа одбележувањето продолжи во Здружението на пензионери во Самобор. За делото и животот на Рацин говореа професорите Игор Деспот, Горан Коров и Ивана Брезовец. Беа доделени и наградите од 57 Детските Рацинови средби, кои ги добија ученици од Загреб учесници на литературниот конкурс. Настанот заврши со настап на вокалната група „Моми бисерни“ под водство на Сафиудин Алимовски.
Tweet |