речник контакт

Во велешко лани дури рекордни 871 заболени од овчи сипаници

Бројот на заболени од грип осетно намален, само 75 лица регистрирани минатата седмица

Петар Печков

Македонија се соочува со зголемен број болни од овчи сипаници, или варичела. Така е и во Велес. Лани во  Центарот за Јавно здравје во Велес имало  регистрирано дури  871 заболен, најмногу деца од школска и претшколска возраст.   Оваа бројка е најголема во последните 10-тина години.

За илустрација колкава е бројката во 2016-та може да послужат споредбените резултати од годните пред тоа. Во 2015-та имало 66 заболени,   во 2014-та  224,  во 2013-та 286,  а во 2011-та 711 заболени лица.   

Циклично на 4-5 години се јавуваа зголемен број на заболени од варичела. Така што и ланскиот број на заболени се  должи токму на  тоа периодично јавување.  На удар на варичелата најмногу се децата од градинките и училиштата. Меѓу болните, иако многу ретко, има и возрасни – вели епидемиолог д-р Билјана Трајкова од ЦЈЗ Велес. 

Во втората седмица од  оваа година, осетно се намали бројката на пријавени болни од грип. Во велешкиот Центар за јавно здравје имало само 75 лица.  Во овој период само едно лице болнички се лекувало во инфективното одделение  во Општата Болница Велес. 

Опаѓањето се должи на зимскиот распуст на  учениците, и што помал број на деца посетуваат градинка. Во меѓувреме извршивме и темелна дезинфекција на училиштата пред почетокот на второто полугодие од учебната година. Останаа уште две  - изјави д-р Трајкова.  

Најмногу заболени од грип во велешко  имаше во последната седмица од минатата година, кгао беа регистрирани 1.122 лица. Потоа, во првта недела од годинава,  бројката се намали на 210. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »