речник контакт

Во велешко најмногу се одгледува житни култури

Во општината регистрирани пет илјади земјоделци а само 500 се регистрирани како индивидуални. Лани легалзирани 900 трактори и 400 лозја и овоштарници подигнати на државно земјиште

Петар Печков

 Во општина Велес заедно со Чашка и Градско има пет илјади земјоделци кои одгледуваат најмногу житни култури,  најмногу јачмен и пченица, помалку р`ж, пченка, ориз и овес.  Тие се  засадени на повеќе од половината земјоделско земјиште. Потоа доаѓаат лозјата и тутунот. Ова се бројките на Подрачната единица на  Министерството за земјоделие.

Од нив само една десетина или 500 се регистрирани во Фондот на ПИОМ  како индивидуални земјоделци и си го плаќаат пензионерското и здравствено осигурување.  Во пошироката општина Велес има доделено повеќе до 10 илјади хектари обработливо државно земјиште под закуп, кое е доделено на 500 апликанти.

Пред два месеци  400 сопственици  се пријавија за легализација на повеќегодишни насади на лозја и овоштарници во општините Велес, Чашка и Градско. Во овој период се легализираа и 900 трактори и приклучна механизација – изјави Антонио Трајковски раководител на ПЕ на министерството за земјоделие. 

Насадите на лозја и овоштарници кои се легализирале лани, биле подигнати ан диво од страна на лица кои за тоа користат државно земјоделско земјиште.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »