речник контакт

Во заедничка гробница во Велес погребани 14 мигранти (фото)

Загинатите беа од Авганистан и Сомалија, во потрага по подобро утре, во несреќа завршија на гробитштата во Раштани

Петар Печков

Во заедничка гробница, согласно муслиманската вера  на велешките гробишта во Раштани, беа погребани 14-те мигранти. Тие  загинаа  во четвртокот вечер  во железничка несреќа,  откако ги  прегази  меѓународниот воз Солун - Белград.  Бегалците беа  погребани во присуство на  велешани, муслимански верници.  

За жал судбината  на овие луѓе им била да завршат до  тука . Така Господ Бог   им го одредил животот,  Бог нека ги прости,  нема почиваат во рај. Нас како припадници на муслиманската вероисповед,  ни остана да го обвиеме  тој последен чин, таа одговорност кон нив.  Жал ми е, имале свој фамилии, тргнале кон подобар живот но не добиле. Сведоци сме на немил настан, каде загинаа  14 човечки животи  - изјави  Адем Чоревски координатор на  Муфтиството во Велес и Повардарјето.

 Во заедничка гробница беа погребани 14 лица, на различна возраст, кои немаат идентификација, оти немале никаква документација со себе.  Од  обвинителството објавија дека станува збор за  лица од Авганистан и Сомалија. Од лицата кои работеле на нивна идентификација дознаваме дека еден бегалец бил од Африканскиот континент,  додека другите од Блискиот Исток.

На новинарското прашање,  дали и како ИВЗ може да им помогне на мигрантите кои секојдневно  во голем број  се на минување низ Македонија а дел до нив гинат по железничките пруги, Чоревски одговорноста ја побара од државата. 

Кога државата не може да помогне, ние како ИВЗ уште помалку може да помогнеме.  Државата е таа која треба да води  грижа и да го реши овој проблем. Ова не е прв ваков несреќен случај, посакувам да биде последен - рече муфтијата Чоревски.

Во досегашните несреќи по македонски пруги од септември до овој последниот, по Македонија загинаа 26 лица, бегалци од Блискиот Исток и Африка.  Погребот целосно финансиски го покри, отстапи и простор за гробница Општина Велес, заедно со ЈКП Дервен, а меѓу присутните  на погребот беше и градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »