речник контакт

Во кумановско велешанец возач превезувал мигранти, кај Отовица во камион пронајдени 30 мигранти

И во двата случи уапсени се возачите, кои ги превезувале мигрантите и ќе добијат кривична пријава

Петар Печков

МВР информираше за два настани, во кој се превезувале мигранти. Првиот случај бил откриен во велешко а во вториот велешанец бил возачот кој ги превезувал мигрантите

На 20-ти септември во 12 часот на наплатна станица „Отовица” во Велес, полициски службеници од СВР Велес забележале товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки, при што возачот го напуштил местото на настанот. Подоцна, на 500 метри од наплатната станица, полициските службеници го лишиле од слобода С.С.(38) од Скопје, а по преглед во возилото биле пронајдени 30 лица- мигранти од Авганистан, Сирија и Сомалија. За настанот е известен јавен обвинител, мигрантите се сместени во Прифатниот центар Винојуг. С.С. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок - информираше МВР.
 
На 21-ви септември околу 2 часот на обиколница Табановце, полициски службеници од Полициска станица Сопот забележале патничко моторно возило „опел корса“ како остава три лица- мигранти и го напушта местото. Возилото било сопрено во село Воиновиќ, кумановско, при што било констатирано дека возилото го управувал Д.С.(41) од Велес. Мигрантите се предадени во Транзитен центар Табановце. Д.С. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.  Против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава- соопштија од МВР.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »