речник контакт

Во мај ќе се ,,отепаме од работа,,

Три продолжени викенди со по три дена одмор, на здравје!

Петар Печков

Неработен ден за сите граѓани на Република Македонија е Денот на трудот, 1 Мај, кој годинава се паѓа во петок, така добиваме еден продолжен викенд.

Со оглед дека неработниот 24 мај „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители е во недела, неработен ќе биде и 25 мај (понеделник), што е уште еден подолжен викенд во мај за сите граѓани на Македонија. По три дена работа, православните верници добиваат уште еден неработен ден – петок, 29 мај кога е Духовден, петок пред Духовден.

И Власите имаат уште еден неработен ден во мај – 23 мај (сабота), Национален ден на Власите. 

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »