речник контакт

Во недела вечер премиера на ,,Жени од подземјето,,

И таа е дел од содржините на фестивалот ,,Дамите на езерото,,

Петар Печков

Недела вечер премиерно ќе биде прикажана  ,,Жени во подземјето,,  во режија  на Андреј Цветановски. Та е во продукција на  ФАД Стоби и е дел од  фестивалот ,,Дамите покрај езерото,, финансиран од програмите на ЕУ.

 Во претставата има четири женски ликови и  нивното соочување со волјата на Боговите кои си играат со нивните судбини, ги искушуваат, ги  преиспитуваат. Четирите жени -Антигона, Медеја, Електра и Алкестида  се сретнуваат  со Богот  на  подземјето и неговиот помошник , и се прикажани  во каква емотивна и емоционална состојба се наоѓаат потоа . Драго ми е што работев  со млада екипа - рече режисерот Цветановски.

Во неа играат: Ангела Димитрова,  Душица Настова, Драгана Левенска,  Александар Михајловска,  Дамјан Цветановски,  Сергеј Димовски.  Сценографијата е  на Сергеј  Светозарев, костимите на Марта Дојчиновска, музиката е на Димитар Андоновски. 

Централна точка во двете претстави е жената, како мајка,  како ќерка, како љубовница, како создавач. И во двата проекти не спојува Преспанското езеро и затоа проектот и фестивалот е именуван  ,,Дамите на езерото,,.  Во сите четири претстави има и музички  етно - фолкор - најави Зоран Љутков,  директор на ФАД Стоби, кој е организатор на фестивалот од македонска страна.

Оваа претстава  кон крајот  на месецот ќе гостува во Лерин. По завршувањето на претставата најавен е и концерт на групата Фолтин.  И за двата настани билетите не се наплатуваат  а ќе се одржат во велешки  театар. 

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »