речник контакт

Врачена наградата за учениците од Превалец во Трст Италија

Наградата е за изработена книга со стихови на тема „Природа“

Петар Печков

Учениците од Превалец ги добија наградите кои  им беа доделени во Трст Италија за нивниот труд,  од меѓународен конкурс,. Учениците од 3 одд и нивната наставничка Лила Арсова од подрачното училиште во Превалец при  ООУ „Васил Главинов“ – Велес ова седмица беа гости во овој италијански град Трст.  

Малите  амбасадори на културата се добитници на плакета и пехар  на XII-тото издание на Интернационалниот конкурс за поезија и драма Castello di Duino 2016 год. во категорија училишни проекти.

Младите поети се горди на наградата и што имаа можност да уживаат во моментите исполнети со поезија и музика, и да бидат амбасадори кои ги претставија нашето училиште ООУ „ Васил Главинов“, Велес  и  нашата татковина  во Трст - порачаа учениците.

На овој  меѓународен конкурс учествувале повеќе земји од целиот свет во неколку категории. Малите поети, десет ученика,  се  претставија со изработена книга со стихови на тема „Природа“.Учениците имале и свое претставување пред тамошната јавност и организаторите.

АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »