речник контакт

Врнежлива есен предвидуваат метеоролозите за годинава

Какво време не очекува во наредените три месеци, според accuweather.com. УХМР најавува просечно топла есен

Петар Печков

За некој ден доаѓа есента и се чини дека таа ќе дојде и астрономски и метеоролошки.

Имено според краткорочните метео прогнози од четврток се очекува осетно опаѓање на температурата.  Еве каква есен предвидува  accuweather.com, кој за летово најави пеколно  жешко и суво.

,,Дожд за олеснување на сушата во Италија и на Балканот. По жешкото и суво лето, корисен дожд ќе падне низ делови од Италија и на Балканот, со што ќе се ослободи од сушата и шумските пожари. Освежувањето ќе дојде во октомври и ноември, кога врнежите ќе се зголемуваат и во Италија и на Балканот,,.

Патем дожд се најавува за третиот ден на Питијадата. Врнежите  особено ќе им ја олеснат ситуацијата на земјоделците, кои веќе претрпеа големи штети од пролетниот мраз и летните топлотни бранови.

Според информацијата на УХМР, температурата од септември до ноември се очекува да биде со отстапување од плус/минус еден степен во однос на просекот.

еве го линкот од прогнозата:

https://www.accuweather.com/en/weather-news/2017-europe-autumn-forecast-fierce-windstorms-to-blast-uk-rain-to-ease-drought-in-italy-and-the-balkans/70002458

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »