Петар Печков
Објавено: четврток, 18 јуни 2020
Во период 17/18.06.2020 год. во велешко има пет ново регистрирани лица со Решениe за изолација, а со Изјава за самоизолација има 11. Вкупно со Решение во изолација има 62 а со Изјава за самоизолација има вкупно 52 лица од велешко, информираат од СВР Велес.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки - пишува во соопштението портпаролот ан СВР Велес Верољуб Додевски.
Во овој период за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети 45 лица во Велес. Казната за тоа е 20 евра а доколку се плати во рок од осум дена е 10 евра, 620 денари.
Tweet |