речник контакт

В среда гостува моноперформансот „Надеж“, авторски проект на македонскиот актер Петар Милошевски кој живее и работи во Лондон

Претставата е приказна за осамен лик кој е вклучен во многу чуден љубовен триаголник, што ќе го понесе на пат низ стравови, интриги, темнина и убиство.

Петар Печков

На 9 мај 2012 година ( Среда), со почеток во 20 часот, на сцената на Театар “Џинот” Велес ќе гостува моноперформансот „Надеж“, авторски проект на македонскиот актер Петар Милошевски кој живее и работи во Лондон, В. Британија.

Претставата е приказна за осамен лик кој е вклучен во многу чуден љубовен триаголник, што ќе го понесе на пат низ стравови, интриги, темнина и убиство. „Надеж“ е вид на театар што спојува еклектичен опсег на стилови инспирирани од Дејвид Линч, Ингмар Бергман, Мајкл Чехов и Јержи Гротовски, создавајќи провокативен и остроумен драмски настан кој ја допира душата на човекот. Во претставата се користат текстови на Арсени Тарковски, Бихнер, Дуковски, Шекспир, Чехов и Стриндберг – со цел да се создаде интензивно театарско искуство.

Македонскиот актер Петар Милошевски е на сцена уште од своја осумгодишна возраст. Дипломирал актерска игра на НАТФИЗ во Софија, а потоа магистрира Перформанс во истакнатата академија Central School of Speech and Drama во Лондон. Интензивно работи со некои од најпознатите режисери во својата родна Македонија и во Бугарија.

После преселувањето во Лондон, својата работа ја фокусира првенствено на соло-проекти, изведувани во Dogstar-Brixton, Proud Camden Gallery, Camden People's Theatre, The New Diorama Theatre во Лондон. Во последениот проект „Фаунот“, работен со новата театарска компанија Ерис Артс од Лондон, Петар ја игра главната улога на Нижински.

„Надеж“ учествуваше на Camden Fringe Festival - London во август 2011, каде што доби феноменална театарска критика, како и пофалби од пошироката публика. Влијателниот веб-сајт за театарска критика Fringe Review, ја пласираше монодрамата „Надеж“ во топ 10 претстави на фестивалот во Лондон. Во септември 2011 „Надеж“ беше селектирана и за фестивалот МОТ во Скопје.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »