речник контакт

Годинава концерт на Синтезис, Кралот Лир во Велес

Ова е само дел од програмите кои Министерството за култура ги финансира во Велес за оваа 2013-та година

Петар Печков

Со годишната програма  од национален интерес  на Министерството за култура за 2013 година  за Велес се предвидени се повеќе содржини.

Така во велешкиот театар ќе бидат поставени три претстави кои финансиски  се покриени од надлежното министерство, тоа се класиката ,,Кралот Лир,, од Шекспир во режија на  Ѕвездана Ангеловска, „Последниот балкански вампир“ ‐ автор Дејан Дуковски, режија Александар Ивановски, „Дивите лебеди“ ‐ автор Вилхем Хауф, режија Дарко Ковачовски.  Одобрени се и средства за јубилејните 50-ти Рацинови средби.

Предвиден е и концерт на групата Синтезис во Велес во организација на ,,Интермедија,,.  Познатиот виртуоз на кларинет родум велешанец Стоја Димов ќе одржи концерт насловен ,,Кларибел,, предвидени се средства за санација на кровот на Спомен Костурницата.

Средства се одобрени и за неколку активности на народниот музеј Велес :  изложбата животот во населбите на изгрејсонцето, археолошкото истражување на  Кале‐Велес , уметност во мал формат ‐ изложба на нумизматичка збирка на Народен музеј. Традиционално Министерството одбори и средства на други помали активности кои ќе се случуваат во 2013 година.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »