речник контакт

Годинава првите заболени од грип дојдоа порано од претходните години

Од 10 бројката на заболени во велешко скокна на 22 лица. Најмногу случаи има во Свети Николе

Петар Печков

Расте бројот на заболени  од сезонски грип, во Општина Велес, кој годинава дојде порано од лани . Податоците на Центарот за јавно здравје  од Велес, покажуваат дека во општината изнесува 22 за изминатата недела. Тоа е мала бројка, во однос на тие од февруари и март.  Споредбено со една седмица претходно има накачување, оти тогаш имало евидентирано 10 случаи.  

Години наназад се регистрираа најмногу заболени во јануари, февруари и март. Годинава сезонскиот грип се појави порано, при крајот  на ноември.  Од пракса тој се јавуваше од средианта на јануари – вели д-р Билјана Трајкова епидемиолог од ЦЈЗ Велес.  

Заболените од грип се од с тие возрасни групи, вклучувајќи и деца од школска и претшколска возраст.  Годинава 1.1 илјада велешани се  вакцинира како заштита од сезонски грип а вакцината беше потрошена за само две седмици.  

Деновиве најголем број заболени во Македонија има во  Свети Николе и Дебар.  Досега  кај заболените доминира инфлуенца  од ,,А,, типот, а повеќето од вирусите се субтипизирани како А (H3N2).

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »